ВИДЕО: Метеорски дожд искрши прозорци и повреди ученици во Урал и централна Русија

Од:

Метеорскиот дожд, што денеска падна врз Урал, предизвика повреди кај многу луѓе, соопшти администрацијата на руската Челјабинска област, пренесоа агенциите.

-Добивме многу поплаки за преломи, повреди и контузии, изјавија локалните власти.

Претходно тие соопштија за четворица повредени ученици од Челјабинск, кои настрадале од искршените стакла при метеорските експлозии во атмосферата.

Над 100 лица од реонот побарале медицинска помош заради повреди од искршените стакла, но со тешки преломи не се здобил никој, покажуваат првичните податоци на полицијата, цитирани од прес службата на руското МВР.

Сите настрадани од метеорскиот дожд ќе добијат отштета, уверува локалната управа на Министерството за вонредни ситуации.

Првичната анализа покажува дека над Уралскиот федерален округ се распрснал метеорит, што делумно изгорел во ниските слоеви од атмосферата. Мали делчиња од небеското тело стигнале до површината на Земјата и паднале во слабо населени реони крај градот Сатка, во Челјабинската област. Самиот метеорит веќе е откриен на 80 километри од Сатка, прециизра министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски