ВИДЕО: Норвешка го поздравува Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во рамките на неговата агенда од учеството на Минхенската конференција за безбедност, денеска се сретна со Претседателката на Владата на Кралството Норвешка Ерна Солберг, која од своја страна беше придружувана од министерката за надворешни работи Ине Ериксен Сореиде.

Премиерката Солберг на средбата истакна дека Норвешка уште еднаш силно го поздравува Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција, како важен момент за процесите за вклучување на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателката на норвешката влада му посака добредојде на премиерот Заев и на нашата земја во НАТО, каде што нашата земја веќе го зазеде своето место веднаш до Норвешка и каде што ќе го помине периодот на ратификација на Протоколот за пристапување како поканета земја членка, по што ќе го добие статусот на полноправна членка со право на глас во сите работни тела на Алијансата.

Норвешка во Република Северна Македонија гледа како на земја сојузник, и е подготвена да ја продолжи својата поддршка бидејќи смета дека нашата држава сериозно придонесува во европската агенда и е сериозно посветена на отворање на поглавјата за преговори со ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски