Ковач по пресвртот против Аугсбург: Покажавме карактер

Од:

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, загуби многу нерви за време на натпреварот против Аугсбург, добиен од неговиот тим со 3:2. Тимот од Минхен двапати заостануваа во резултатот, но си заминаа со три бода.

– Лошо влеговме во натпреварот. Не можам ни да се сетам кога последен пат тимот толку рано примил гол. Тоа беше навистина непријатно. Но потоа покажавме борбен карактер, а во второто полувреме го контролиравме натпреварот. Нашата победа е заслужена. Можеби некои од играчите веќе размислувале за натпреварот со Ливерпул. Ова не е добро, но е разбирливо, изјави хрватскиот стратег

По успехот синоќа, Баварците собраа 48 поени и се втори во Бундеслигата по Борусија Дортмунд. Разликата помеѓу двата тима е 2 бода.

 

 

Би можело да ве интересира

Монако му врачи отказ на тренерот Ковач

А1он

Ковач позитивен на коронавирус

Ана Ололовска

Ковач го презема Монако

А1он

Ковач: Нема да е крај на светот ако не ја освоиме титулата

Ковач: Го добивме најтешкиот противник

Наум Локоски

Ковач: Нема да го менувам системот, ни треба малку среќа

Наум Локоски