Германскиот производител на автомобили „Ауди“ го најави моделот С3 Спортбек, кој официјално ќе биде претставен на Саемот во Женева во март годинава.
Ауди С3 Спортбек е опремен со 2,0 литарски ТФСи турбо мотор со директно вбризгување, кој испорачува 300 коњски сили преку шестстепен С-Троник менувач.
Новиот С3 од 0 до 100 километри на час забрзува за 5,5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.
Ауди С3 Спортбек со С-Троник менувач троши 7 литри на 100 километри.
Препознатливо за овие модели е погонот на сите четири тркала, спортска суспензија и 18 инчни тркала.