ВИДЕО: На денот на жалост, ечи турбофолк од дискотека во центар

Од:

Од дискотеката „Муд најт клаб“ во центарот на Скопје на вториот ден на жалост поради автобуската несреќа во која загинаа 14 лица, вечерва ечи гласна турбофолк музика. Жители кои живеат близу дискотеката до „А1он“ испратија видео на кое се слуша гласна музика од забава во дискотеката.

Вториот ден на жалост трае до полноќ, а музиката се пушта од 21 часот. Дискотеката се наоѓа веднаш до меѓуградската автобуска станица од каде за последен пат тргна кобниот автобус.

Владата прогласи дводневна жалост поради смртта на 14 лица кои загинаа на автопатот Скопје – Тетово. Според сознанија на „А1он“ од жителите кои живеат во близина, бучавата од дискотеката била пријавувана повеќепати во полицијата и во Инспекторатот за животна средина на општина Аеродром, но судејќи по вечерашното непочитување на денот на жалост, ефекти нема.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Во Нови Сад е прогласена тридневна жалост поради смртта на шестчлено семејство во пожар

Горан Наумовски

Русија го прогласи 24 март за ден на жалост

А1он

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Владата на Србија го прогласи 27 септември за Ден на жалост

Горан Наумовски