НАСА објави уште една неверојатна фотографија за која се верува дека е најмладата црна дупка во нашата галаксија, Млечниот пат.
Снимките кои ги направи телескопот во вселенската опсерваторија „Чандра“ која ја снима вселената од орбитата, 139.000 километри над површината на Земјата, потврдуваат дека во чудниот облак кој останал зад суперновата се наоѓа многу млада црна дупка. Овие остатоци на суперновата, наречени W49B, се стари околу илјада години.
Во историјата на вселената, за која и натаму се верува дека е 14 милијарди години, тоа претставува само еден мал момент. Црната дупка е оддалечена околу 26.000 светлосни години од Земјата.
– Се претпоставува дека ѕвездата која претходно тука постоела, исчезнала на многу чуден начин. Кога ѕвездата експлодирала, млазови од материјата се исфрлувани од половите, поради што суперновата е издолжена и има облик на елипса. Експлозиите во вселената во голем број случаи се симетрични, изјави Лора Лопез од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ).
Интересен е и фактот дека не постои неутронска ѕвезда. Во нормални случаи, по колапсот на огромна ѕвезда останува густо езеро.