Мајката на Боки 13 се откажа од функцијата

Од:

Мајката на сопственикот на БМЈ Медиа груп и 1ТВ, Бојан Јовановски познат како Боки 13, Јасминка Јовановска, која беше избрана за член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, пополаднево преку соопштение информираше дека си поднесува неотповиклива оставка.

„Јас, Јасминка Јованоска од Скопје денеска во Собранието на Северна Република Македонија поднесов неотповиклива оставка од работно место за кое што бев именувана како член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Ве известувам дека од лични и семејни причини одлучив да ја поднесам оставката. Најостро ги осудувам сите тенденциозни написи во кои бевме предмет на анализа јас и целото мое семејство. Јас сум легалист и сакам да послужам како пример и за останатите, во слична ситуација да ги почитуваат позитивните законски прописи“, се вели во нејзината оставка.

Агенцијатa за медиуми, претходно информираше дека ќе поведе постапка против „1ТВ“ бидејќи беше обелоденето дека мајката на Бојан Јовановски, добила државна функција. Јасминка Јовановска на оваа позиција беше назначена пред неколку дена со гласање на седница на Собранието.

Според член 38 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми, „политички партии, државни органи, јавни претпријатија, носители на јавни функции и членовите на нивните семејства не може да вршат радиодифузна дејност, ниту да бидат основачи, соосновачи или да добиваат учество во сопственоста на радиодифузерите“.

Во случајот сопственик на телевизијата „1ТВ“, според податоците од Централниот регистар, е фирмата „БМЈ медија груп“, а директор е Јасна Мандиќ. Сопственици на „БМЈ медија груп“ се Јасна Мандиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски. Во овој случај или Јовановски како сопруг на Јасминка Јовановска треба да се откаже од сопствеништвото во телевизијата или таа да се откаже од јавната функција.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиуми и претходно поведе постапка против „1ТВ“ бидејќи Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, на јавните настапи се претставува како сопственик на телевизијата иако формално-правно не е, но оваа постапка не беше изгласана од страна на Советот.

Постапката против „1ТВ“ утре ќе се отвори на седница на Советот на Агенцијата за медиуми.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески