Поранешниот потпретседател на Каталонија Ориол Жункерас, обвинет за насилен бунт за осамостојување на регионот од Шпанија, на денешното судско рочиште во Мадрид изјави дека себе си се смета за „политички затвореник“.
Тој е првиот од 12 сепаратистички лидери кои денеска сведочат во Врховниот суд на Шпанија. Пред панелот од седуммина судии, Жункерас рече дека е „обвинет за идеја, а не за дело“ и одби да одговара на прашањата на обвинителот.
Судијата кој претседава со панелот Мануел Марчена изјави дека прашањата не можат да се фокусираат на идеологија, туку само на факти.