Авганистанските талибанци најавија преговори со САД

Од:

Талибанците објавија дека „на повик на пакистанската Влада“ во Исламабад ќе биде организиран состанок со претставниците на САД во рамките на мировните преговори во Авганистан.

– Состанокот со преговарачкиот тим и САД планиран е за 18 февруари, истакна портпаролот на талибанците Забиула Муџахид.

Тој додаде дека талибанската делегација ќе се сретне и со пакистанскиот премиер Имран Кан со цел „детално да разговараат за односите помеѓу Пакистан и Авганистан“.

Ниту Исламабад ниту Вашингтон не потврдија дали ќе има средба.

Талибанците ја најавија средбата додека американскиот претставник за Авганистан, Залмај Халилзад е во Брисел на средби со претставниците на ЕУ и на НАТО.

Стејт департментот во неделата соопшти дека Халилзад ќе ги посети и Германија, Турција, Пакистан и Авганистан.

Халилзад претходно изјави дека има „нацрт“ договоро но оти „има уште многу работа“.

– Нашата заедничка цел е да постигнеме мировен договор (а, не договор за повлекување) достоен на жртвите од децениската војна, објави Халилзад на Твитер.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гаши ќе присуствува на 55. Конференција за безбедност во Минхен. Тој до сега е исклучен од разговорите помеѓу талибанците и САД, кои од минатото лето се сретнаа повеќе пати.

Талибанците на почетокот од месецот во Москва разговараа со своите опоненти од опозицијата, а делегацијата ја предводеше поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи.

Би можело да ве интересира

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски