Прв регионален форум за консултација на граѓаните во Скопскиот плански регион ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на проектот „Рамномерен и инклузивен регионален развој”, што се имплементира со поддршка на швајцарската Влада.
На отворањето на форумот, како што е најавено, ќе се обрати министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, а ќе присуствуваат градоначалници и граѓани од Скопскиот плански регион.
Ова е прв од серијата форумски сесии на кои преку консултативен процес ќе се утврдуваат приоритетите и ќе се бараат решенија, во партнерство на локалните власти со граѓанскиот и со бизнис секторот.