ВИДЕО: Пред Градска болница хаос – роднините чекаат информации за повредените во автобуската несреќа

Од:

Пред Градската болница „8 Септември“ собрани се стотици членови од семејствата, роднини и пријатели на повредените и загинатите од денешната автобуска несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово.

Официјалните информации се дека загинати се 13 лица, но голем е бројот на тешко повредените, а семејствата тешко доаѓаат до информации. Тие чекаат било каква информација за здравствената состојба на повредените.

„Поминаа повеќе од 3 часа, информациите ги добиваме од медиумите, редно е да добиеме било какви нови сознанија“, реагираат семејствата.

Се чека и официјална информација од Министерството за внатрешни работи за тоа како се случила несреќата. Разговарано е со возачот на автобусот, кој е повреден и хоспитализиран, но е надвор од животна опасност. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се уште се нема произјаснето за случајот, бидејќи полицијата и обвинителството се на терен и работат на пронаоѓање на причините за несреќата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он