А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вангеловски и претседателите на судовите го прифатија предлогот за подобрување на статусот на судиите

by А1он13/02/2019 - 12:4213/02/2019 - 13:36296
Share0

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и претседателите на сите судови во Република Македонија го прифатиле предлогот за спогодба за комплексно подобрување на статусот на судиите во државата, соопштуваат од Врховниот суд.

Добивај вести на вибер

На средбата, што била одржана вчера, присуствувале и претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, Џемали Саити.

На средбата, како што соопшти Врховниот суд, се разговарало за состојбата со исплатата на додатоци на плати, почнатите судски спорови и се разгледуваа можните алтернативи за подобрување на статусот на судиите во Републиката.

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, претседателот на Судскиот буџетски совет и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија го презентирале понудениот пакет мерки од премиерот Зоран Заев, за решавање на проблемите со исплата на додатоците на плата, но и за севкупниот материјален статус на судиите.

„Притоа беа презентирани ставовите на сите судии во Република Македонија, изразени на одржаните колегиуми во секој од судовите поединечно. Од презентираните ставови произлезе дека големо мнозинство на судиите се согласува дека треба да продолжи процесот на преговарање со прифаќање на понудата за подобрување на статусот на судиите во Република Македонија. Како резултат на констатираната состојба беше донесен заклучок дека се прифаќа компромисниот предлог за спогодба за комплексно подобрување на статусот на судиите во Република Македонија“, се наведува во соопштението од Врховниот суд.

jovo vangelovskikaradzovskisudii

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Здруженијата од правосудството, наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги

Горан Наумовски25/09/2025 - 15:15

Ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, изјави Мицкоски

Горан Наумовски24/09/2025 - 13:0424/09/2025 - 13:15

Точно знаеме кои се тие судии кои што добивале насоки од седиштата во Речица или во Бихаќка, вели Мицкоски

Горан Наумовски08/03/2025 - 16:53

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

Горан Наумовски19/02/2025 - 12:04

Судиите Аритон Ала и Данка Ристова нови членови на Судскиот совет

Горан Наумовски11/12/2024 - 20:22

Помина времето кога политичари можеа да влијаат на судии, вели Мицкоски

Горан Наумовски29/10/2024 - 11:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен