На граничниот премин Богородица утре ќе се постави новата табла со Северна Македонија

Од:

Царинската управа утре на граничниот премин Богородица кај Гевгелија ќе изврши поставување на табла со новото уставно име на државата – Република Северна Македонија, соопштија оттаму.

Претходно од Владата соопштија дека Република Македонија денеска формално го промени името во Република Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, со објавувањето во Службениот весник на сила стапи Преспанскиот договор за решавање на спорот за името со Грција и уставните амандмани.

„Известуваме дека од денес, 12 февруари 2019 година, влегува во сила конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави во ‘Службен весник’“, велат од Владата.

Оттука известуваат дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите на Уставот на Република Северна Македонија, со што почнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од конечната спогодба и уставните амандмани.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час

ВИДЕО: Литија низ Скопје со чудотворната икона на Богородица Трирачица донесена од Света Гора

Предраг Петровиќ

За излез од државата преку „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се чека повеќе од еден час

ВИДЕО: Криумчарел 15 Кинези во камионот, Босанец уапсен на „Богородица“

ВИДЕО: На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути

ВИДЕО: Колони и гужви на Табановце-Прешево, се чека и на Богородица

Катерина Ѓуровски