Светски познатиот одбојкар Владимир Грбиќ – Вања утре во Кисела Вода ќе одржи тренинг

Од:

Утре одбојкарките на ЖОК „Јанта Волеј“ од Кисела Вода ќе имаат можност да се запознаат и да тренираат со поранешниот најдобар југословенски и српски репрезентативец Владимир Грбиќ – Вања.

Покрај ова Грбиќ ќе го презентира претстојниот летен камп кој во негова организација оваа година ќе се одржи во Соко Бања, Србија. На истиот одбојкари од повеќе држави ќе стекнат со нови искуства.

Светски познатиот одбојкар Грбиќ во неговата спортска кариера за одбојкарската репрезентација играл на Олиписки игри, Светски и Европски првенства на кои има освоено многу медали и пехари. Покрај ова награден е за животно дело од Европската одбојкарска Федерација, а беше прогласен и за најдобар одбојкар во Европа.

Настанот кој е во организација на „Јанта Волеј“ во спортската сала „Независна Македонија“ e со почеток во 19:00 часот. Љубителите на одбојката тренингот ќе може бесплатно да го проследат.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ