Фудбалската федерација на Саудиска Арабија нема да го обнови договорот со селекторот Хуан Антонио Пици, објави официјалниот сајт на организацијата.
Претходно, и самиот шпански фудбалски експерт изјави дека федерацијата не преговара со него за продолжување на договорот по Азискиот куп.
Пици ја презеде Саудиска Арабија во ноември 2017 година. Под негово водство, тимот не успеа да ја помине групата Светското првенство 2018.
На Азискиот куп минатата година Саудиска Арабија беше елиминирана од Јапонија во осминафиналната фаза.