Во трговски центар во Скопје со смртни закани се обиделе од маж да изнудат 10 илјади евра

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за сторено кривично дело, „изнуда“, поради тоа што во скопски трговски центар на 14 декември минатата година со умисла се обиделе да присилат оштетено лице да им даде 10.000 евра.

Двајцата обвинети, заедно со уште едно лице кое е во бегство, дејствувале како група, со намера да изнудат пари и употребиле сериозна закана по животот на оштетениот.

Како што информираат од обвинителството, обвинетите неколку дена претходно телефонски го контактирале оштетениот и го принудиле на средба на која агресивно се однесувале и упатувале закани по неговиот и по животот на членовите на неговото семејство, барајќи да им исплати 10.000 евра.

Оштетениот се согласил да се сретне со нив на 14 декември 2018 година во еден скопски трговски центар и да им ги даде парите, но намерата ја пријавил во полиција од каде му биле дадени обележани банкноти.

Групата се упатила на договорената средба и пред трговскиот центар се раздвоиле. На оштетениот му пристапил еден од обвинетите, додека другите двајца го чекале во близина.

Но, разбојникот кој разговарал со оштетениот ги забележал полициските службеници задолжени да го чуваат, па започнал да бега и заминал во непознат правец. Останатите двајца обвинети биле затекнати во близина на местото на настанот и задржани од страна на полицајците поради што не успеале да го довршат делото.

Во текот на истражната постапка било утврдено дека една од обвинетите во периодот од 17 октомври 2016 година до 21 јули 2017 година, со умисла во повеќе наврати зела парични средства од истото оштетено лице.

Таа му се заканувала на оштетениот дека за него ќе открие нешто што може да наштети на неговата чест или неговиот углед и со тоа го присилила да и даде 10.500 евра и уште 450.000 денари.

Така, обвинетата сторила продолжено кривично дело „уцена“, па обвинителниот акт за неа се однесува и на ова кривично дело.

За двајцата обвинети, надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор, ценејќи дека и натаму постојат сите околности заради кои и претходно им била изречена истата.

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир