Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ќе прими делегација од Република Косово предводена од министерот за економски развој, Валдрин Лука.
Бектеши и Лука според најавите ќе одржат работен состанок.
По состанокот како што информираа, двајцата министри ќе потпишат и Меморандум за разбирање во енергетскиот сектор меѓу двете министерства.