Човек се запали на римски аеродром „Леонардо Да Винчи“, но полицијата успеа да го угаси огнот и веднаш да го пренесе во болница.
Голема паника настана на аеродромот во Рим, но официјалните лица се уште не можат да ја потврдат оваа информација.
Човекот не ги поминал безбедносните проверки, на главниот меѓународен терминал за излез.
Според италијанските медиуми се работи за државјанин на Брегот на слонова коска, кој на аеродромот се соочувал со депортација.