[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Косовскиот премиер Хашим Тачи на седницата во парламентот, во Косово изјави дека Европската унија кон нив води неправедна политики, при што тој ја истакна можноста за национално обединување на Албанците како одговор на односот кој ЕУ го има кон Косово.
Доколку Брисел продолжи со вакво однесување за либерализација на визниот режим, тогаш на Албанците им останува простор за маневри. Во тој случај може да влезат во ЕУ како една единствена држава – изјави Тачи.
Пратениците од опозицијата ја критикуваа владата во текот на расправата во Парламентот, дека е одговорна за недобивањето на либерализација на визниот режим.
Тачи во обид на одбивање на одговорност со владата изјави дека постојат многу бирократи во Брисел, кои го третираат Косово со носталгија кон поранешната СФРЈ, и дека проблем по негово мислење не лежи во Приштина, туку во неединството на земјите од ЕУ.
Тој рече дека Косово ги исполни сите критериуми кои ги бараа, додавајќи дека владата новите услови на Европската комисија ќе ги исполни многу бргу.