Леонардо да Винчи насликал две Мона Лизи

Од:

Мона Лиза на славниот италијански сликар Леонардо да Винчи е најпозната слика со најпозната насмевка во светот, но се укажува на тоа дека Мона Лиза која се наоѓа во музејот Лувр во Париз не е единствена.

Експертите тврдат дека потврдиле дека постои претходна верзија на сликата, откриена минатата година, која исто така е дело на Леонардо да Винчи.

Таканаречениот Ајселворт Мона Лиза, која прикажува многу помлада жена, Да Винчи ја насликал неколку години порано во однос на многу попознатата верзија.

Долго се веруваше дека Мона Лиза од Лувр е единствената која ја насликал италијанскиот мајстор. Меѓутоа, последните истражувања покажаа дека и другиот портрет е дело на Да Винчи.

Резултатите би можеле да ги уверат експертите кои беа скептични во врска со автентичноста на сликата откриена во Женева минатата година, откако група меѓународни експерти тврдат дека сега ја потврдиле автентичноста.

Врз основа на анализите на јаглен од платното, утвредно е дека сликата настанала меѓу 1410 и 1455 година, а не во 16 век како  што порано се веруваше.

Нема сомнение дека двете Мона Лизи ги насликал Леонардо да Винчи што јасно се гледа во потезите со четкичката, јави „Дејли Меил“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска