Сириските демократски сили, кои се поддржани од САД, ќе почнат нова офанзива и ќе го нападнат последното упориште кое е под контрола на Исласка држава во Сирија, соопшти претставник на сириските демократски сили, Мустафа Бали.
САД на 29 јануари соопштија дека се очекува во наредните неколку недели Исламската држава да го изгуби и последниот дел од територијата над која имаат контрола во Сирија, пренесува „Ројтерс“.
Бали информира дека офанзивата ќе почне вечерва и оти нејзина цел е елиминирање на последните остатоци на терористичката организација.
Исламска држава во Сирија под контрола држи и територија западно од реката Еуфрат.