Општинското собрание на Долни Вакуф одлучи да го прекине финансирањето на политичките партии од буџетот и тие пари да ги пренамени за стипендирање на студенти, пренесе сараевско „Ослобоџење“.
Одлуката е донесена едногласно на седница одржана пред неколку дена, а како што се наведува, се работи за околу 12.500 евра.