Захариева: Бугарија има интерес од приемот на Македонија во НАТО и ЕУ

Од:

Се надевам дека Бугарија ќе биде една од првите држави што ќе го ратификуваат договорот за присоединување на Македонија во НАТО, оти тоа е од национален интерес за Бугарија, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Бугарија има интерес Македонија да биде наш сојузник во НАТО. Истото се однесува и за влезот на Македонија во Европската унија“, рече шефицата на бугарската дипломатија.

Посочи дека ратификацијата во бугарскиот Парламент може да се случи веќе наредната седмица или таа после неа, со што Бугарија ќе биде една од првите држави што ќе го ратификуваат договорот за пристапување на Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Четири години членство во НАТО: Северна Македонија фактор на стабилност на Западниот Балкан

Захариева: Софија и Скопје губат од лошите односи, многу е подобро да немаме граници

Три години членство во НАТО

Бугарскиот парламент усвои одлука за испраќање воена помош за Украина

А1он

Паси/Плевнелиев: Мисијата ни е помеѓу – „невозможна мисија“ и „умри машки“

Бугарскиот парламент нема да ги покани амбасадорите на Русија и Белорусија на првата седница