„Анализа: Дубаи поскап за 50 проценти од Скопје“

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]
Месечните трошоци за живот во Дубаи изнесуваат околу 3.260 евра, а во Скопје изнесуваат 1.500 евра, што е речиси 50 проценти помалку, пишува веб страната Numbeo, портал кој редовно прави анализи за споредба на трошоците за живот во различни градови. Месечниот износ вклучува и цени за кирии кои се плаќаат во овие два града.dubai-skopje
Анализата понатаму покажува дека просечната цена на појадокот во Дубаи е околу 7 евра, а во Скопје околу 200 денари, млекото во Дубаи е околу 60 денари, а цената за еден пар фармерки е приближно 70 евра. Изнајмувањето на стан во центарот на Скопје изнесува околу 220 евра месечно, додека во Дубаи чини околу 1.200 евра месечно.
dubai-skopje1
Споредувајќи ги цените на месечните трошоци за струја, анализата покажува дека скопјаните плаќаат поскапа струја од жителите на Дубаи. Покрај тоа, бензинот и цигарите се поскапи во Скопје, како и најк патики, флаширана вода, оризот, цената на такси превозот и цената на новите автомобили.
dubai-skopje12
Анализата е направена овој месец, а истата се базира на просечните цени на производите и услугите во изминатите 18 месеци.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината