ВИДЕО: До Собранието сѐ уште не е пристигнато барање за автентично толкување на Законот за СЈО

Од:

До овој момент до мене не е дојден предлог за автентично толкување на Законот за СЈО. Јас ве уверувам дека кога официјално ќе добијам барање за соодветно толкување на законот должен сум истото да го процесуирам и во тој контекст нема причина да не се постапува така. Нема ништо да биде затскриено во тој поглед, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, во однос на одлуката на Врховниот суд за прекин на истражните постапки и покренување обвиненија од страна на СЈО по истекот на 18 месечниот рок од презрмањето на незаконски прислушуваните разговори и предметите.

Џафери истакна дека Јавното обвинителство е еден од надлежните органи кои може да покренат постапка за толкување на законот.

Врховниот суд на 30 јануари донесе одлука со која ја оспорува надлежноста на СЈО да води нови истраги. Со ваквото мислење Врховен го става под знак прашалник низа истраги кои СЈО ги покрена по рокот од 18 месеци, што беше предвиден за поднесување на обвиненија.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба