Џеф Безос тврди дека добил уцени од Нејшнал Енквајерер

Од:

Главниот извршен директор на Амазон, Џеф Безос изјави дека бил цел на изнудувања и уцени од издавачите на таблоидот Нејшанл Енквајерер, кои „му се заканувале дека ќе ги објават неговите приватни фотографии доколку не престане да истражува како таблоидот дошол до неговите приватни преписки“ со љубовницата.

Безос, кој е и сопственик на „Вашингтон пост”, во вчерашниот напис на порталот Медиум детално го опишал својот однос со компанијата „Американ медиа” (АМИ) – издавач на пишаниот медиум.

Милијардерот вели дека таблоидот не бара пари од него, туку јавно да каже дека пишувањата на Енквајерер не биле политички мотивирани. Ова е нов пресврт во судирот меѓу најбогатиот човек на светот и весникот близок до претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Секако дека не сакам да се објавуваат мои лични фотографии, но нема да учествувам во нивната добро позната практика на уцени, политички услуги, напади и корупција, нагласува Безос во написот.

АМИ сѐ уште не ги коментира овие наводи.

Инаку, Трамп своевремено упати жестоки критики кон Безос и известувањето на „Вашингтон пост” за Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката