„Авалон“ без поддршка од Министерството за култура

Од:

Во Годишната програма на поддржани проекти од културата која Министерството за култура ја објави денеска, ја нема Авалон продукција. Сопственикот Бобан Милошески во изјава за медиумите вели дека не е изненаден, туку шокиран од тоа што Министерството не го препознало нивниот годишен проект „Авалон колинг“ со сите концерти што ќе ги организира до крајот на 2019 година.

-Доволно е само да се погледнат рутите на турнеите на Лени Кравиц, Стинг и на Ерос Рамацоти и да се види дека Авалон продукција наместо да ги одржи концертите во многу поголеми маркети какви што се Хрватска и Србија, го одбра Скопје. Исто како што проектот „Охрид колинг“ наместо да го префрлиме на море во Албанија, од петни жили се трудиме да го задржиме во Охрид. Со сето ова сакавме да дадеме реален придонес во годината во која на Македонија ѝ се отвораат евроатлантските перспективи во сегментот на работа во кој сакале тоа да признаат другите или не, ние како независна продукција сме најквалитетни и најпотентни во целиот регион. А кога е ресорното министерство во прашање, бевме сигурни дека ќе биде препознато дека со овие проекти не само што даваме огромен придонес на неверојатно ниското ниво на култура во Република Македонија, туку и дека првпат со вакви четири сериозно големи проекти сме апсолутни регионални лидери, истакнува Милошески.

Додава дека за останатите чекори што ќе ги преземат ќе соопштат дополнително откако ќе го добијат и официјалното известување од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот