(ВИДЕО) Кирацовски: Македонија го доби своето заслужено место во НАТО

Од:

„Македонија го доби своето заслужено место во НАТО, седна на иста маса со државите од развиениот демократски свет, во најмоќниот безбедносен сојуз.

Горди сме и радосни! Обезбедивме сигурна, стабилна и светла иднина за нашата земја.

Создадовме шанса за идните генерации да живеат подобро.

Во името на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, им честитам на сите граѓани за овој историски успех на Македонија. Нека ни е со среќа!“, рече Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник.

„Воедно, сакам да им се заблагодарам на сите колеги од овој парламентарен состав кои дадоа свој придонес, особено во клучните моменти за реализацијата на реформскиот процес и во имплементацијата на Договорот од Преспа.

Заедно испишавме историја, но уште повеќе создадовме иднина.

Успехот на Македонија е успех на сите нејзини граѓани, на Владата предводена од СДСМ, на напорот и на други претходни влади но и на ова Собрание.

Времето на „заробена држава“, изолација, уназадување, неизвесност го оставаме зад нас, во минатото. Завртевме нова, светла страница на иднината, напредокот, развојот.

Освен безбедност, членството во НАТО обезбедува и сериозни економски придобивки за граѓаните, раст на инвестициите, зголемена конкурентност на македонското стопанство, забрзан економски раст, повеќе пари кај граѓаните.

Има уште многу работа.

Потпишувањето на протокол е дополнителен мотив секој од нас да работи уште попосветено во остварување на националните и државни интереси поставени уште на денот на нашата независност.

Им најавувам на сите функционери, на владата на Република Македонија на целата администрација, ова Собрание будно ќе ве следи, ќе ве мотивира и ќе ве контролира во процесот на исполнување на обврските кон НАТО.

Ајде секој од нас да даде придонес, заедно, без разлика на политичка определба или припадност, да го забрзаме процесот на реформите.

Како парламентарно мнозинство, СДСМ останува посветена на реформите за евро-интеграциите, во градењето модерна држава со силна економија, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, изјави Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија

СДСМ: Дали власта спрема огромна корупција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Горан Наумовски

СДСМ: Во Македонија нема место за нова верзија на Груевизмот со Тошковски во главна улога

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски

А1он