Туристичките аранжмани за Турција лани забележаа раст од над 22 отсто. Скоро 2,5 милиони патници веќе си го резервирале одморот за летово, соопшти Платформата на тур-оператерите во оваа земја.
– Најмногу интерес покажуваат Европејците, особено Германците, Британците и Русите. За да се оствари целта од 50 милиони посетители за 2019 година, земјата мора да се фокусира на културниот и гастрономскиот туризам, истакна Чем Полатоглу, портпарол на Платформата.
Според статистичките податоци на Министерството за туризам, бројот странски туристи пораснал за 22,3 отсто во првите 11 месеци од 2018 година.