Во Грција во текот на минатата година имало над 15 демонстрации на ден, соопшти грчкото радио „Скај“.
Податоците на полицијата покажуваат дека во текот на 2012 година во земјата биле организирани 5.654 демонстрации.
Според полицијата, во минатата година убиствата се намалиле на 165 од вкупно 182 во текот на 2011 година.
Имало и помалку разбојништва – 5.992 (од 6.636 во претходната година), а кражбите и грабежите се намалиле за девет илјади до 87.912, посочуваат медиумите.