Во Скопје вчера санкционирани 122 возачи за непрописно паркирање

Од:

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи полицијата од сообраќај исклучила 41 возач, кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, еден возач почетник и девет нерегистрирани возила.

Полицијата санкционирала и 122 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подгинати биле 90 возила.

Санкционирани се и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците, шест за не правилно престројување, еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, осум за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и девет за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторно возило.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози