Руската Влада не спроведува цензура во медиумите во Русија, а во врска со ограничувањето на странското сопствеништво во средствата за информирање ја применува универзалната пракса, која е соодветна и легитимна, изјави рускиот портпарол Дмитриј Песков.
„Нема цензура, тоа е сигурно“, нагласи Песков.
„Кај ограничувањата за странско сопствеништво во медиумите за странци и граѓани, кои имаат странски пасоши, се применува праксата, која ја користат различни земји ширум светот. Прагот на сопствеништво може да се разликува, но самата идеја е апсолутно соодветна“, истакна Песков.
Според него, медиумите имаат слобода на говор, но, покрај тоа, треба да имаат и одредена одговорност како најмоќен инструмент во обликување на јавното мислење.
„Ќе биде погрешно да им се дозволи на странските државјани да поседуваат такви ресурси во земјата, посебно во текот на актуелната декада на агресивна атмосфера“, заклучи Песков.