Во НЛБ Галерија вечер од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Маја Андонова-Јокиќ, насловена „Обоена љубов“.
Авторката ќе се претстави со педесет свои дела во техниката акрил на платно, изработени од 2016 до 2019 година.
„Андонова Јокиќ не е минималист, напротив. Во ова мачно тивко време на придушени гласови, таа катарзично и несебично, но и доста храбро, како гејзер експлодира со бои, нешто налик уметнички оргазам не шокира со убавата и заборавена реалност“, соопшти организаторот на изложбата.