Филаделфија го зеде Тобајас Харис и продолжува да гради силен тим

Од:

Филаделфија продолжи со граењето на многу силен тим, откако вчера го привлече Тобајас Харис, а притоа не мораше да се откаже од ништо важно. Во размената со Клиперс, заедно со одличниот Харис во 76-ерс пристигнаа Бобан Марјановиќ и Мајк Скот, а во спротивна насока отиде Вилсон Чендлер, Мајк Мускало и Ландри Шамет и два избора од првиот круг на Драфтот во 2020 и 2021 година.

Со доаѓањето на Харис, акциите на Филаделфија на истокот растат, но останува да се види како во текот на летото ќе се преговара за неговиот договор и за оној на Џими Батлер.

Харис оваа сезона во просек уфрла по 20,7 поени и беше прво име на Клиперс.

Синоќа тргуваа и Лејкерс, но не со Пеликанс, откако преговорите за Ентони Дејвис засега се стопирани. Тие направија договор со Детроит Пистонс откако го зедоа Реџи Булок, кој во просек уфрла по 12 поени по натпревар оваа сезона, а се откажа од Свјатослав Михаилук од Украина и избор во вториот круг од Драфтот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ