Денеска се потпишува пристапниот протокол на Македонија во НАТО

Од:

Дваесет и деветте земји членки на Северно-атлантската Алијанса денеска во седиштето на организацијата ќе го потпишат протоколот за членството на Македонија во НАТО.

На официјалната церемонија е поканет министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој ќе присуствува на свечениот чин на потпишување. Потпишувањето ќе се одвива на ниво на постојани дипломатски претставници на земјите членки.

Од денеска, Македонија ќе може да присуствува на сите клучни формати на Алијансата, но нема да има право на глас, ниту ќе може да учествува во најдоверливите и најчувствителните состаноци, сѐ додека не се стекне со потребното знаење и искуство.

„Со овој чекор ќе се заокружи еден значаен дел од пристапниот процес, по што следува процес на ратификација на Пристапниот протокол во националните Парламенти на земјите членки на НАТО. По потпишувањето на Пристапниот протокол, Република Македонија ќе учествува на сите состаноци на НАТО, во својство на поканета земја“, велат од министерството за надворешни работи на Македонија.

По денешното потпишување, почнува процесот на ратификација на протоколот од страна на парламентите на сите земји членки на НАТО, процес кој може да трае до година и половина.

За Македонија се очекува овој процес, сепак, да биде покус, бидејќи тој станува сѐ покус и покус со секоја нова земја членка.

Словенечкиот амбасадор при НАТО, Јелко Кацин верува дека овој протокол може да биде ратификуван до почетокот на идната година, став што го делат многумина во Алијансата. Доколку процесот се забави, тоа би требало да се должи на строго процедурални причини, поради долг процес на ратификација како на пример во Канада и Белгија, но и на политички пречки.

Грција треба да биде првата земја што ќе го ратификува овој протокол. Парламентарната седница во Атина е закажана за в петок, 8 февруари, со што, симболично, Грција ќе и ја „отвори“ вратата за НАТО на Македонија, единаесет години откако ја блокираше во Букурешт.

Би можело да ве интересира

Професор Атанасовски за Бугарското национално радио: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Предраг Петровиќ

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради Виз Ер Скопскиот маратон

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!