Претседателот на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана Никола Ѓурѓај денеска оствари средба со Роберт Гајда, Комесар за заштита од дискриминација.
Ѓурај го запознал својот соговорник со работата и моментните активности на друштвото во правец на заштита и унапрдување на правата на припадниците на Македонците во Албанија.
„Посебен акцент ставивме на поддршката и промовирањето на Законот за заштита на националните малцинства, промовирање на нивната култура и идентитет и секојдневно спроведување на законот, чија цел е да се обезбеди остварување на специфичните права на припадниците на националните малцинства. Тоа,како што оценивме, е неопходно за заштита на идентитет на националните малцинства, како суштинска компонента на интегрирано општество и гарантирање на недискриминација и целосна еднаквост пред законот“, изјави Ѓурѓај за МИА.
Комесарот Гајда од своја страна нагласи дека „секое лице што припаѓа на национално малцинство има право слободно да избере да се третира како такво, без никакво омаловажување од тој избор или од остварување на правата што се поврзани со овој избор“.
!Исто така, Комесарот гарантираше дека јавните, централните и локалните институции се обврзани да гарантираат целосна и вистинска еднаквост во економскиот, општествениот, политичкиот и културниот живот меѓу припадниците на националните малцинства и припадниците на мнозинството“, рече Ѓурѓај.
Комесарот за заштита од дискриминација, најавил дека следниот месец ќе ги посети регионите населени главно со припадници на малцинствата, вклучително и македонското, со цел непосредно да се запознае со нивните проблеми во рамките на неговите надлежности да помогне во нивното надминување.