Македонското друштво од Тирана бара државни пари за невладините по примерот на македонската влда

Од:

Македонското друштво „Илинден” од Тирана побара во економските мерки на Владата на премиерот Еди Рама за ублажување на последиците од пандемијата, да бидат опфатени и албанските граѓански организации, по примерот на македонската влада.

Исто така се бара и ослободување од плаќање локални даноци и други давачки.

Во писмото доставено до Комитетот на експерти за справување со коронаворусот, кое доставува предлози до владата, друштвото наведува дека се наоѓа во финансиски потешкотии поради пандемијата и бара од Комитетот на експерти во Министерството за здравство да го разгледа ова барање .

„Македонско друштво „Илинден”-Тирана бара од Министерството за здравство и социјална заштита и Техничкиот комитет на експерти за мерки против Ковид-19 да ги вклучат и граѓанските асоцијации во економски пакети на Владата и ослободување од плаќање на локалните даноци, бидејќи како резултат на пандемијата граѓанските организации имаат финансиски проблеми. Во врска со горенаведеното, бараме разгледување на ова барање на првиот состанок на техничкиот комитет на експерти и очекуваме разбирање и позитивен одговор, стои во барањето на „Илинден“.

Барањето го пренесуваат и дел од албанските медиуми, објавувајќи фотографија на која се македонското и албанското знаме.

Медиумите уште додаваат дека на македонско друштво „Илинден” од Тирана и огранокот во Требиште, Голо Брдо, главната мисија му е заштитата на етничкиот, културниот, верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зачувувањето на јазикот и образованието на мајчин јазик на македонското малцинство.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија