Европарламентот по грешка ги блокираше сајтовите со британски домејн

Од:

Европскиот парламент по грешка на 30-тина минути ги блокираше сите сајтови што го содржат британскиот домејн „.co.uk“.

Извори од Европарламентот потврдија дека грешката прв ја забележал еден британски европратеник, кој се обидел да пристапи до веб-страницата на лондонскиот весник „Сан“.

Според портпарол на Европскиот парламент, инцидентот е резултат на „човечка грешка“ на вработени во информатичко-технолошката служба, задолжени за ажурирање на анти-спам филтрите.

„Грешката е веднаш исправена и се се врати во нормала за околу 30 минути“, информира тој.

Портпаролот додаде дека тоа што се случи не било намерно, отфрлајќи ги гласините дека на овој начин Европарламентот и се одмаздува на Велика Британија поради одлуката на ја напушти ЕУ.

 

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен