Чешка се уште не е излезена од рецесија

Од:

Рецесијата на чешката економија се чувствувала и минатата година, кога според последните податоци, е забележан пад од 1,1 проценти на годишно ниво, јави дописникот на МИА од Прага.

Според, се уште неофицијалните податоци на Чешкиот завод за статистика, бруто домашниот производ (БДП) во последниот квартал на 2012 се намалил за 1,7 проценти.

Минатата година, поради малите инвестиции, слабо им одело на вработените во градежниот сектор, а влошени се и резултатите во земјоделството.

Според експертите, за севкупниот пад се „виновни“ домаќинствата кои штеделе.

Аналитичарот Михал Козуб од „Хоум кредит“ смета дека може да се очекува во втората половина на годинава да дојде до економски раст, доколку потрошувачите се оттргнат од летаргијата. Сепак тоа не може да се случи со голема брзина.

На економскиот раст влијае намалувањето на буџетските расходи, како и големата невработеност која годинава во Чешка има негативен тренд и изнесува 10,1 проценти.

Според Козуб, негативни резултати има и во индустриската област, додека раст е забележан во надворешната трговија, каде имало зголемување на извозот за 4,3 проценти повеќе од зголемувањето на увозот.

За економистите и тоа не е доволно за да ги надоместат намалувањата на трошоците во финалната потрошувачка на домаќинствата и на создавањето на фиксен капитал.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица