Извозот лани зголемен за 21,8 отсто, најмногу се тргувало со Германија и Грција

Од:

Од Македонија минатата година се извезени стоки во вкупна вредност од 6.907.998.000 долари, што претставува пораст од 21,8 отсто во однос на 2017 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.052.195.000 долари, односно за 17,3 проценти повеќе во споредба со 2017 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − декември 2018 година, изнесува 2.144.197.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот, пак, најзастапени се платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари − декември минатата година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

A1on

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто