Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, изјави дека напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела, заслужено доби повик во националниот тим.
Триесет и шестгодишниот напаѓач оваа сезона постигна 16 гола на 16 средби за клубот Џенова.
„Целта на италијанската репрезентација за 2019 година е победа на сите натпревари. Ние повторно сакаме да бидеме меѓу најдобрите. Кваљарела заслужено е повикан, без разлика на неговата возраст“, рече Манчини.
Тој изнесе мислење и за Марио Балотели.
„Не е заборавен. Ако успее да се избори за стандардно место во неговиот нов клуб и ако се врати во форма и Марио ќе биде со нас“, додава тој.
Манчини е назначен за селектор на Италија во мај минатата година.