Косовскиот претседател Хашим Тачи претпладнево се сретна со премиерот Рамуш Харадинај пред да отпатува за Вашингтон, каде што ќе присуствува на Молитвениот доручек кој го приредува американскиот претседател Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај утрово на својот Фејсбук објави фотографија од средбата со Тачи во својот кабинет, напоменувајќи дека таа се одржа „во рамки на консултациите за државната агенда, малку пред заминувањето на претседателот за САД“.
Нешто подоцна, околу 11 часот, Тачи, исто така на Фејсбук, објави дека отпатувал за Вашингтон, порачувајќи дека „Република Косово ќе биде засекогаш посветена на пријателството со САД и на западните вредности“.
Покрај косовскиот претседател, на молитвениот доручек ќе присуствува и шефот на дипломатијата Беџет Пацоли.