Намерно заразил 55 жени со хепатит Ц

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Корисникот на наркотички средства, Џејм Питерс призна дека свои жртви намерно ги заразил со потенцијално смртоносниот вирус, хепатитис Ц, во тек на абортусите во болницата Кројдон, во Австралија.

Здружението на лекари во Австралија не успеа да го спречи анестезологот, корисник на дрога да обавува стручна пракса, поради и тие се соочесници во скандалот кој се случи.

Ова пред Врховниот суд, Викторија го призна поранешниот лекар Питерс кој со инфицирани игли намерно заразил дури 55 жени во текот на абортусите. Несреќните жртви се заразени во периодот од јуни 2008 до ноември истата година.

Во текот на сосушувањето се чинело дека анестезологот бил зависник од лекот фентанил кој се користи во тек на операции, во болницата Кројдон, која помеѓу другото се дава и во текот на абортусот, каде што бил вработен.

Здружението на лекари даде наредба да се изврши преглед на вработени во користењето на лекови, па лабораторијата Мелбурн анализирала 225 примероци на урина, но не и примероци на присуство на лекот фентанил кој за лични потреби го користел Питерс.

Главниот обвинител, Гевин Силбер рече дека Здружението поседува информации дека анестезологот е зависник, но дека не знаеле дека тој е инфициран со хепатитис Ц и покрај тоа што медицинскиот одбор бил известен во 1997 година.

Силберт изјави дека тој пропуст всушност претставува чекање да се случи катастрофата и дека начинот на кој Здружението го набљудувало поранешниот лекар било неадекватно и се засновало на желба на поединци, тој да биде прогласен за зависник.

Во судот заклучиле дека процентот на наркоманија помеѓу лекарите и медицинските експерти е многу поголем , отколку кај пошироката популација, а кај анестезиолозите најголем.

Анестезологот Питер бил вклучен во програмата за лечење на лекари зависници од наркотици. Обвинителот Силберт истакнал дека иако постоењето на таква програма заслужува пофалба, доволно е само еден лекар да изврши злоупотреба на системот и да настане вистинска медицинска катастрофа.

-Факт е, а како што е речено на претресот во понеделник, дека заразеноста од хепатитисот Ц претставува „темпирана бомба“, за заболените, така инфицираните жени ќе мора да чекаат до 2050 година, за да конечно се утврди дали кај нив е развиена смртоносната болест.

Жените заразени со вирусот, доставиле до судот пишани изјави во кои го опишале сознанието дека се инфицирани, што емотивно и физички ги уништило.

Исто така навеле дека по тешката одлука да ја прекинат бременоста, се додатно казнети со тоа што мораат да живеат во страв, дека кај нив ќе се развие смртоносната болест.

Обвинителот рече дека повеќето жени од заразените, не им кажале на своите партнери дека имале абортус и дека можеби се заразени со хепатитис Ц.

Исто така 10 жени одбиле да разговараат со полицијата, бидејќи се обиделе фактот да го сокријат од семејството.

Во медицинската пракса забележани се само три смртни случаи од хепатитис Ц, од кои два биле во САД а еден во Шпанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа