(ВИДЕО) Богоевски: Ние не го ставаме Љупчо Димовски во притвор

Од:

Ние не го ставаме Димовски во притвор, туку дозволуваме судот да работи непречено, смета пратеникот Павле Богоевски, на што реагираа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи „Немој Павле, што збориш“.

„Ќе ја поздравам дисциплираноста на Димовски, но ние не сме тие што ја ценат дисциплината на колегата туку да видиме дали се исполнети условите за одземање на имнитетот. Судот е оној кој ќе одреди дали некој ќе се брани за слобода или не“, рече Богоевски.

Тој истакна дека денеска не е како во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога притворањето се правело спекталуларно.

„Судот самостојно треба да одлучи за притвор. Јас мислам дека неговиот имунитет треба да биде одземен оти условите се исполнети“, додаде Богоевски.

По говорот на Богоевски, пет пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се јавија за реплика.

„Ова што вие го кажавте не е реалноста што се случува. Нашите пратениците не се против судот да си ја води постапката онака како што треба. Но, вие барате судот веднаш да го стави Димовски во притвор. Со покренување на постапката вие сакате поголема регресија. Вашата намера е да започне процес да започнете со купување гласови пред изборите“, рече Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Богоевски ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека тие стојат на патот за Димовски да си ја докаже невиноста.

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска одлучува во однос на барањето за одобрување притвор на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, Одделение за организиран криминал и корупција.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште