Линдзи Вон става крај на кариерато по Светското во Оре

Од:

Кралицата на алпското скијање, Линдзи Вон со тага објави на социјалните мрежи дека претстојното Светско првенство во шведскиот зимски центар Оре ќе биде последно во кариерата и таа по него ќе ја прекине неверојатната кариера.

„Последните неколку недели предложија еден од најголемите емотивни предизвици за мене. Се уште се обидувам да ја сфатам реалноста и она што ми го кажува моето тело, во однос на она што срцето и умот ми кажуваат дека можам да постигнам. За жал, реалноста е дека мојот ум и телото не се на иста бранова должина. По многу непроспиени ноќи конечно прифатив дека не можам да продолжам со скијањето. Ќе се натпреварувам на Светското првенство во спуст и Супер-Џи следната недела во Оре, Шведска, а овие ќе се последните стартови во мојата кариера“, пишува Вон на Инстаграм.

Американската скијачка е најуспешна натпреварувачка во историјата на Светскиот Куп со рекордни 82 победи (само легендарнатаИнгемар Стенмарк може да се пофали со повеќе – 86). Таа има три олимписки медали, од кои еден златен – во 2010-та во спуст во Ванкувер, како и две светски титули, плус уште три сребрени и два бронзени медали од Светски првенства.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска