„Американ Ерлајнс“ и „Ју-Ес Ервејс“ се здружија во најголема авикомпанија во светот

Од:

Раководствата на американските авиокомпании „Американ Ерлајнс“ и „Ју-Ес Ервејз“ синоќа ја одобрија одлуката за здружување на двата авиопревозника, со што се формира најголемата авионска компанија во светот.

Спојувањето на двете компании официјано ќе биде промовирано денеска, кога ќе биде објавено и новото име на најголемиот светски авиопревозник.

„Американ Ерлајнс“ уште во ноември 2011 година прогласи инсолвентност и од тогаш функционира согласно одредбите од американскиот Закон за банкрот, кој им гарантира на компаниите заштита од кредиторите се до реорганизацијата на нивните долгови.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија