ВИДЕО: Тројцата ексминистри на распит во судот, за Димовски одложен за следната недела

Од:

Уапсените ексминистри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Кристијан Делев веќе неколку часа се наоѓаат во судот на распит. За еден од осомничените, како што посочи обивнителката Вилма Русковска, било променето барањето и наместо притвор, се бара куќен притвор, поради здравствената состојба на обвинетиот, додека за другите двајца осимничени ексминистри барањето останува исто.

За актуелниот пратеник, Љупчо Димовски, против кого, исто така е отворена истрага, било испратено барање до Комисијата за манадатно имунитени прашања во Собранието, која треба да одлучи дали ќе му го одземе мандатот или не, за подоцна да може судот да постапува.

Инаку пратеникот Димовски прв го напушти судот, и за него е одложен распитот за следната недела.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето при јавни набавки.

„Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации во државата. На овој начин му била предизвикана штета на буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милион евра)“, соопштија претходно од Обвинитеслтвото за гонење организиран криминал и корупција.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми