Советниците од Советот на Општина Центар, вчера ја одржаа 23-тата седница

Од:

Пред почетокот на седницата, дневниот ред за работа претрпе измени и така, градоначалникот Саша Богдановиќ, повлече една точка која се однесуваше на хонорарите на членовите од управниот и надзорниот одбор на Јавното претпријатие „ПОЦ“, а се додадоа три нови.

По добиените забелешки од Министерството за транспорт и врски, советниците изгласаа Блокот 24 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 да се врати на понатамошна доработка и истиот да повторно да биде ставен на дневен ред. Покрај ова, се изгласаа и неколку други точки од локален интерес, како изменувањето на програмата за поставување на рекламни паноа и информативни табли, со што ќе се зголеми бебзедноста на граѓаните и ќе се регулира поставувањето на рекламни паноа.

Потоа, се изгласаа правилниците за систематизација и организација на работни места во градинката “Кочо Рацин“ во Центар, годишната програма за работа на ЈП “ПОЦ“, како и одлуките за вредноста на бодот на платите на државните и јавни службеници вработени во Општина Центар. Советот донесе одлука и за задолжување на општината во компонентата А од проектот за подобрување на општинските услуги, МСИП 1/2018, со што ќе се добијат средства за реконструкција на улицата “Велешка“ во населбата Маџир Маало и градинката “Раде Јовчевски Корчагин“ – клон Пепелашка.

Советниците на седницата ја усвоија и измената на програмата за одбележување значајни настани, истакнати личности и маалски традиции со спомен обележја во Општина Центар. Со ова, се усвои и иницијативата на Македонската Академија на Науки и Уметности за поставување на спомен обележје на драмскиот писател и член на МАНУ надвор од работниот состав, Горан Стефановски. Спомен обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот „Идадија“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски