ЕУ и Јапонија ја отворија најголемата зона за слободна трговија во светот

Од:

Јапонија и Европската унија денеска ја отворија најголемата зона за слободна трговија во светот, која опфаќа околу една третина од светската економија.

Договоротот исто така е одговор на двете страни на протекционистичките закани, особено на американскиот претседател Доналд Трамп, и опфаќа регион од околу 635 милиони луѓе.

– Европа и Јапонија испраќаат порака до светот за идната отворена и фер трговија, истакна претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во писмена изјава.

– Нашиот договор покажува дека трговијата е повеќе од квоти и царини или милиони и милијарди … Се работи за вредности, принципи и чесност, додаде тој и подвлече дека тоа ги вклучува принципите на „работа, безбедност, заштита на климата и потрошувачите“.

– Овој договор го има сето тоа, изјави европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром.

Според неа, договорот ги отстранува царините и придонесува за глобалните правила, во исто време покажувајќи му на светот дека и двете страни остануваат убедени во придобивките од отворената трговија. Обврските од Парискиот договор за климата исто така се вклучени во договорот, истакна Малмстром.

Според договорот, Јапонија ќе ги укине царинските давачки на 94 отсто од увозот од ЕУ, вклучувајќи и за 82 отсто од земјоделските и производите од риба.

Со договорот, на пример, се укинуваат јапонските царини за сирењата гауда и чедар, кои изнесуваат речиси 30 отсто, како и за виното, кое во просек се царини 15 проценти.

Европската Унија ќе ги укине царините на 99 отсто од увозот од Јапонија.
Во текот на осум години од почетокот на примената на договорот, ќе бидат укинати и царините на јапонските автомобили, а за шест години на телевизорите, што е особено важно за Јапонија.

Двете страни постигнаа политички договор во јули, а неговата ратификација заврши во декември.

Договорот беше склучен во период на тензии во глобалната трговија, откако Трамп, меѓу другото, воведе царини за увоз на челик и алуминиум и почна да разгледува царини за автомобилската индустрија кои можат да ги погодат ЕУ и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1