СДСМ: Стационарот „Вардариште“ и нехуманиот третман кон уличните животни стануваат минато

Од:

„Градската администрација предводена од СДСМ става крај на нехуманиот однос кон уличните животни. Донесена е одлука за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни.

Стационарот „Вардариште“ станува минато.

Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници и нивна стерилизација, ветеринарната грижа, регистрирањето и процедурите за вдомување од заинтересираните граѓани.

Во меѓувреме, во тек е процесот на чипирање на животните , со цел ставање под контрола на механичкиот прилив на кучиња на улиците, предизвикан од неодговорни сопственици и започнува процесот за воведување нов системски пристап во третманот на животните скитници.

Во овој процес ќе бидат вклучени повеќе институции на локално и на национално ниво како и граѓанските иницијативи и здруженија, со цел унапредување на правата на животните и начинот на нивното вклучување во целиот концепт .

Со формирањето на новото јавно претпријатие, Град Скопје формира целосно нов концепт и пристап кон решавањто на проблемот со уличните животни, што претставува голем исчекор напред и обезбедува похуман третман и грижа на уличните животни“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада